Од полноќ поскапува дизел-горивото

Bez autora
Mar 05 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 2.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,301 %, кај дизелот 3,867 %, кај екстра-лесното масло 1,667 % и кај мазутот зголемување од 1,424 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,075 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/кг.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Од 4.3.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,266 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 4.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik